Спортските риболовци бараат од македонските џет-сетери да ги исчистат пловните објекти од вода после есенските врнежи.


Веќе има  потонати глисери и кајчиња, велат спортските риболовци. Тие посочуваат дека ова е период кога плашицата почнува да влегува во каналот Студенчишта на зимување, па така се случува риболовците да ја ловат од самите пловни објекти.


Постои потенцијална опасност полните пловни објекти  со вода да се превртат од тежината на спортските риболовци и да дојде до несакани последици, преупредуваат од спортско-риболовниот клуб Св. Апостол Петар.

Ohridnews