Во каналот Студенчишта дневно престојуваат околу стотина спортски риболовци, кои тука поминуваат од пет до десет часа. Во викендите бројот на спортски риболовци надминува и триста. Голем е бројот на рекреативци, а ако се земат во предвид и сопствениците на пловните објекти, повеќе од неопходно е на овој простор да има јавен тоалет, велат спортските риболовци.
За вршење нужда на јавни површини следува казна
Риболовците сега се снаоѓаат како знаат и умееат. Со тоа тие се изложуваат на рзик да бидат казнети за вршење нужда на јавни места поради немање на тоалет, вели Радован Димитриевски – претседател на Спортско риболовниот клуб Св. Апостол Петар од Охрид. Доколку општината не ни излезе во пресрет во знак на протест групно ќе извршиме нужда во паркот пред општинската зграда, бидејќи секако ќе бидеме казнети, додава Димитриевски.