Риболовот во светот спаѓа во категорија на масовен туризам, и со себе носи големи приходи. Некои видови на риболовен туризам спаѓаат во категорија на елитен туризам. Понудата за риболовен туризам во Западна Европа и во некои делови на светот , одамна е развиена и квалитетна, и е неизбежен дел на целокупната туристича понуда на секоја земја која сака да го развие туризмот како значајна стопанска гранка. Понудата за риболовниот туризам се повеќе се шири кон источните земји како нови занимливи и неиспитани области. Комбинација на различити облици на туристичка спортско риболовни понуди и нивна презентација на странските туристички потенцијали како посебен интегрален туристички производ може да прерасне во основа за стопански развој во Република Македонија и земјата да стане добра туристичка дестинација за овој вид на туризам.
Спортско риболовната понуда на Република Македонија мора да биде резултат на поврзување на сите туристички потенцијали и субјекти , односно заеднички со маркетиншки осмислен настап на странскиот и домашен пазар, да биде ориентиран на мали групи на туристи, а не на масовен туризам. Само на подрачјето на Европа и Северна Америка со спортско-рекреативен риболов се занимаваат 60 милиони луѓе. Развојот на спортско риболовниот туризам може да биде особено значаен за економски неразвиени краеви од Македонија затоа што не бара развиена инфраструктура, туку своите потреби ги пронаоѓа во сегашната понуда на локалното население. Риболовниот туризам ниту како појава а ниту како вид на туристичка понуда воопшто не постои во Македонија . Природата Македонија како ретко која друга земја ја дарила со голем хидро потенцијал и богат и разнолик рибен фонд кој треба рационално да се искористи. Познато е дека риболовниот туризам не познава граници и дека денешните рибари поминуваат по илјадници километри во потрага за добри авантури, големи и специфични риби и нови риболовни терени за незаборавни авантури. Употребувајки ја паролата нека чини колку чини но „кеф си е кеф “ односно „задоволство скапо се плаќа риболовците се желни за нови риболовни дестинации. За сите светски топ води во својата пакет понуда се нуди превоз, водич, изнајмување на опрема, мамки,сметување и нормално туристичка риболовна карта.
Многу познати личности се спортско рекреативни риболовци од преседателите на САД, Рузвелт, Хувер, Буш постариот и помладиот, потоа Обама, а од руските претседатели Путин , Медведев. Интересно е да се спомне едно писмо на сопругата на Ленин, Надежда Крупскаја која во едно писмо се жали на неговата мајка дека Ленин постојано оди на риболов и дека секој ден лови сомчиња на Јенисеј и дека зборува само за сомчињата, особено кога ништо нема да улови. Тука е и британскиот премиер Невил Чемберлен кој задолжително еднаш во неделата одел на риболов, југословенскиот крал Александар секогаш одел на риби со неговата сопуга која била стравствен риболовец и му носела среќа во ловот. Да го спомнеме Ернест Хемигвеј, потоа актерот Марлон Брандо кој завршил и во затвор затоа што ловел риби без дозвола. Во Македонија на риболовните терени можеме да сретнеме многу малку познати актери, новинари ,музичари и бизнисмени.
Од сите европски земји слатководниот риболов е најпопуларен во Скандинавските земји посебно во Норвешка каде 50 проценти од возрасното население се рибари. Со рекреативен риболов се занимава и понежниот пол така да од вкупниот број на рибари во Норвешка 35 отсто се жени во Финска тој процент изнесува 27 отсто, а во Шведска 20 проценти. Интересно е дека се поголем број на млади од 15 до 19 години започнуваат да се занимаваат со риболов.
Во Охрид наместо да се создаваат услови за развој на риболовниот туризам со риболовната основа која ја изработи една научна установа за рибарство со седиште во Охрид за наредните 6 години се предвидува дневно во Охрид и Струга да имаат право да риболоват само по 12 рибари што е апсурд за едно туристичко место. Со ова риболовна основа се предвидува и само по една неатрактивна патека за натпревари во Охрид и Струга . Никому не му е јасно зошто не е дозволен натпревар на кејот на Црн Дрим во Струга. Со ова се уништуваат сите проекти за организирање на Балкански Европски и Светски првенства во различити риболовни дисциплини. Ставот на овие експерти дека блинкерот е штетен и неселективен а мрежата селективна допринесе пред неколку години да се забрани лов на охридска пастрмка со блинкер со што се уништи еден бренд. Охридскиот блинкер беше заштитен знак за риболов кога ќе се спомнеше Охридско Езеро.
Рибата после било кој натпревар се враќа во вода и не се нанесува никаква штета врз рибниот фонд. Штетата врз рибниот фонд е нанесена за наредните 50 години со прекумерен излов на пастрмката и белвицата и со убивање на најпродуктивните матици на охридска пастрмка после вештачкиот мрест.