Иако реките кои се вливаат во Охридското Езеро се најголеми загадувачи, тоа не им смета на некои страствени риболовци. Еден таков затекнавме на вливот на реката Грашница која се смета за најголем еколошки проблем на градот.


Во Грашница се влеваат фекалии од населбите низ кои поминува оваа река, од објектите кои сеуште не се приклучени на канализацијата. Одреден напредок има затоа што за прв пат по повеќе години водата во езерото во непосредна близина на Грашница е од втора категорија и е добра за спорт и рекреација. Со опфаќање на сите објекти по течението на реката во канализационата мрежа и колекторот, ќе се намали загадувањето на Охридското Езеро, а овој дел од ривиерата ќе биде еднакво атрактивен како и источното крајбрежје каде сега има најголема концентрација на угостителски објекти.