Акцијата која има за цел поефикасна заштита на рибните плодишта на охридската пастрмка и охридската белвица, на повеќе пунктови во езерото заеднички ја спроведоа Државниот инспекторат за земјоделство – ПЕ Охрид, рибочуварската служба на МЗШВ и ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид.
Најмногу, 28 мрежи биле пронајдени кај Пештани, а 26 кај Елешец, 8 мрежи биле пронајдени кај Градиште, по 6 кај Трпејцa и кај Св. Заум и Љубаништа а уште 4 мрежи биле пронајдени кај Горица 3.
Надлежните институции вклучени во акцијата информираа дека риболовниот алат бил изваден за многу кратко време од неговото поставување во езерото, поради што и количините на уловена риба биле помали. На овој начин активностите даваат поголем ефект, бидејќи не се остава простор да бидат уловени повеќе единки со што би се предизвикала поголема штета по однос на рибниот фонд, посочуваат од Хидробиолошкиот завод.
Уловените риби се оставени во ЈНУ Хидробиолошки завод за нивно понатамошно ихтиолошко испитување.