Охридската полиција деновиве регистрираше неколку нови обиди за нелегален излов на охридска пастрмка и белвица. Екипи на Езерската полиција пред два дена околу 08.30 часот во водите на Охридското езеро, на оддалеченост од околу 500 метри од граничната линија со Р.Албанија, пронашла две рибарски мрежи со улов на 22 парчиња риба (белвица) со тежина од 2кгр и 31 парче риба-пастрмка со тежина од 2,4кгр.
Еден час подоцна истиот ден на оддалеченост од околу 1000 метри од граничната линија со Р.Албанија, во езерските води биле пронајдени четириесет рибарски мрежи со улов од две парчиња риба-пастрмка со тежина од 1,6кгр.
Пронајдените рибарски мрежи и уловот се подигнати од лице место и се однесени во Езерската полиција за понатамошна постапка, соопшти полицијата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com