Вчера околу пладне, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ привеле 37-годишен државјанин на Република Албанија. Тој се сомничи за сторено кривично дело „незаконит риболов“ казниво по член 229 од Кривичниот законик и илегално преминување на државна граница казниво по член 9 од Законот за гранична контрола.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Oва не е прв пат албански државјани да бидат приведувани за незаконит риболов на Охридското Езеро. Рибниот фонд од езерото немилосрдно и неконтролирано се изловува долги години, а најмногу ендемските видови пастрмка и белвица.

OhridNews