Во периодот од 22.00 часот на 7 јуни до 04.00 часот утрово, во заедничка акција на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ и службени лица од Државниот инспекторат за земјоделство, при контрола во водите на Охридско Езеро, наспроти с.Калиште, струшко, на околу 1 км од брегот, пронашле повеќе рибарски мрежи со улов од риба.

Незаконски уловената риба е запленета и предадена на натамошна постапка, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

OhridNews