На 14/15.12.2018 година при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, од страна на полициски службеници во 00,10 часот спроти плажата “Лагадин” и спроти плажата „Елешец“ на околу 300 метри од брегот на езерото, пронајдени се рибарски мрежи, информира СВР Охрид.

Се работи на расчистување на случајот, соопти полицијата.

Во моментов Охридското Езеро нема концесионер.

OhridNews