Не престанува нелегалното излововување риба од Охридското Езеро. Во текот на вчерашниот ден при контрола полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во појасот од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, пронашле и одзеле 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400м и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 кг и 12 парчиња охридска пастрмка.
Констатиран е и прекршок по чл.23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. – соопшто МВР
OhridNews