Покрај основните задачи, вчера  рибочуварот на СРК „Св.Апостол Петар“, Живко Јовчески  во каналот Студенчишта ги подиспразни преполните кајчиња со вода. Со ова тој спаси над 20 кајчиња кои беа преполни со вода и можеа во секој момент да потонат на дното од  каналот.





Обилниот дожд кој падна деновиве придонесе дестина  кајчиња во каналот Студенчишта да се наполнат со вода и да потонат, а на уште дваесетина  им се заканува истото, ако дождот продолжи натаму да врне.


СРК Св Апостол Петар апелира до сопствениците на кајчиња кои се вкотвени во каналот Студенчишта, најитно да ги испразнат своите пловни објекти од дождовницата , бидејќи само така можат да ги спасат од нивно потонување.


Рибочуварoт Живко спаси десетина кајчиња од потонување

Ohridnews