Спортски риболовци од повеќе земји од регионот денеска во Охрид ќе се натпреваруваат во подготвување чорба од риба. Натпреварот ќе се одржи пред х. Парк, а дегустацијата на чорбата ќе биде дел од програмата на отварањето на Саемот за туризам, што денеска започнува во Охрид. Посетителите на саемот ќе можат да вкусат и специјалитети од плашица што вчера ја уловија спортските риболовци во каналот Студенчишта.
Трите првопласирани чорби и сите специјалитети од плашица ќе бидат изложени во рамки на презентацијата на Македонската национална кујна.
Натпреварите во приготвување чорба и лов на риба, се дел од првиот Фестивал на плашицата, што го организраат спортските риболовци од Охрид. Организаторите во ноември најавуваат втор дел од фестивалот кој ќе се одржи кај каналот Студенчишта, каде покрај специјалитети од риба ќе бидат изложени и копии од стари чунови и рибарска опрема.
Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милион де...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, е зголемен за 02 % Споредено по групи на...
На свеченост што денес се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.