Рибарите бараат од Централната власт и од Општините Охрид, Струга и Дебрца веднаш да започнат со прокопување на старото корито на реката Сатеска за да се намали  излевањето на  Охридското Езеро. Новонастаната ситуација со големиот водостој кој повеќе дена не се намалува туку е со тенденција да се зголеми и бара вонредни мерки.

– Не можеме со вреќи од песок да го сопреме излевањето на езерото. Годинава имаме брзо полнење на езерото што не го имамаме забележено со години. Површинските и подземните води во сливното подрачје на Охридско Езеро се со поголем капацитет од оној кој може да се испушти на регулационата брана во Струга. Дополнителна причина за брзото полнење на езерото може да биде и новите откритија на германските научници кои работеа на истражување на Охридското Езеро. Според нивните истражувања пренесени од страна на  охридските научници од Хидробиолшки завод  се  откриваат некои фрапантни податоци за езерото,како : водатата од Преспанско Езеро до Охридското Езеро порано пристигала за неколку недели а сега само за 16 часа. Од страна на германските научници откриени се неколку извори на дното на езерото со двојно поголем капацитет од изворите кај Свети Наум кои сега се со уште поголем капацитет. Регулационата брана кај Струга нема капацитет да ја испушти оваа голема количина на вода што се влева во езерото.-вели Радован Димитриески од СРК „Св. Апостол Петар“.


Според него причина за ваквата состојба е и регулациониот објект  кај болницата во Струга  односно кај црквата Света Петка која го регулира водостојот на коритото на Црн Дим , во градското подрачје на Струга.

– Таа е со максимален испуштен  капацитет од  55 метри кубни вода во секунда , преку преливниот канал може да се испушти уште некој метар кубен вода и тоа е се што може да се испушти со постоечката инфраструктура. Ако се отворат сите порти на  дрвена брана на испустот ќе се потопи кејот на Црниот Дрим. Тврдењата на хидролозите дека за испуштање на еден сантиметар од водата на Охридско езеро потребни се  4 дена , а езерото дневно се зголемува за еден ели два сантиметри ги потврдува нашите констатации за брзо полнење на езерото, посочува Димитриески.


Студенчишта пред 70-тина години

Спортските риболовци сметаат дека е потребно под итно да се донесе нова законска регулатива и изградат нови регулациони објекти на истекот на Дримот преку кој ќе може да се испушти и регулира големата  количина на вода која деновиве го преполни езерото, а што може да ни се случува и во наредните години .

– Ова мора да се направи ако  властите сакаат да го задржат езерото  во овие сегашни урбани рамки кои ние му ги одредуваме. Езерото деновиве си ги побара деловите кои му се анпутирани со градежни зафати а кои биле негови со милиони години. Тоа е Студенчишкото блато кое го затрупавме со градежен шут од срушената градска библиотека , потоа тампониравме дел од него и го изградивме Комуналец во сред Студенчишко блато и објектите на Езерска полиција и Центарот за обука на вода, а со изградба на патот за хотел Парк и Горица  ги пресековме вените и артеиите со кои беше споено Охридското Езеро и Студенчишкото Блато, додава Димитриески


рибите “шетаат“ по улици

Спортските риболовци бараат да се дислоцираат и Комуналец и Езерска полиција и Центарот за обука на вода, да се прокапат неколку канали од кај плажите Куба либре и Кадмо за да се спои Езерото со Студенчишкото блато кое во моментот само се обидува да го стори тоа,  и веќе поголем дел на каналот Студенчиште во горниот дел е излеан и споен со блатото.  Според нив урбан атак има и на струшката страна, посочувајkи дека сегашното Струшко поле беше блато.

– Тоа беа бубрезите на езерото кои ние луѓето ги исцедивме, исушивме и ги претвориме во обработливо поле. Езерото се штити самото и колку овие наши урбани деградации и атакувања ќе се поголеми толку езерото периодично повење ќе се брани. Од сликите се гледа дека рибите од каналот Студенчишта веќе  почнаа да шетаат по улиците на  Охрид, вели Димитриески.

OhridNews
фото: Радован Димитриески