Доколку продолжи негрижата и загадувањето на каналот Студенчишта лесно може да се случи рибите кои презимуваат во него повеќе да не доаѓаат тука, предупредуваат спортските риболовци.


Водата во каналот

„Тука се влеваат Билјанините извори, но наместо од прва категорија, водата во каналот, кој поради сушата е на минимална кота, сега е од 5 категорија што ќе предизвика несогледливи последици врз рибниот фонд кој со векови се мрести на овој простор“, вели Радован Димитриевски од спортско риболовното друштво Св Апостол Петар.


Радован Димитриевски

Причина за загадувањето според спортските риболовци се големиот број пловни објекти со силни мотори кои ја корнат ресата и испуштаат горивио и масла во водата. Затоа спортските риболовци бараат под најитно да се забрани управување на пловилата со вклучени мотори во каналот и таму да се излегува и влегува само со весла. Риболовците исто така најавија дека ќе поведат иницијатива со која од владата ќе побараат каналот да им биде даден под концесија. Половина од средствата  ќе ги уплаќаме на буџетска сметка а останатите ќе се користат за одржување и чистење на каналот кој сега е запуштен и загаден, ни иајави Димитриевски.


наместо со вклучени мотори  пловилата да се движат со весла во каналот

Спортските риболовци од Охрид најостро се спротиставуваат и на идејата за изградба на марина или бензинска пумпа кај каналот или во трската. Идејата е да се даде овој вносен бизнис на локални моќници но тоа никако не смее да биде на сметка на загадување на езерото бидејќи трската е негов природен филтер кој не смее да се уништи,  вели Димитриевски. Според спортските риболовци марината во Охрид треба да се изгради помеѓу двете пристаништа или на друга отворена локација.

Г. Момироски