Жителите на местото Хајт кое е дел од приморскиот град Саутемтон, секоја ноќ слушаат необичен звук кој трае од 10 навечер па се до наутро, а кај некои толку многу се слуша што за спиење одат кај своите пријатели. Се со цел да се открие од каде доаѓа тој звук, научниците направиле истражување, кое траело подолг период, по што било заклучено дека звукот најверојатно доаѓа од сексуалниот живот на рибите кои водат љубов по цели ноќи во близина на заливот.

Всушност се работи за риби жабовки, кои за разлика од обичните риби кои се неми, овие риби се специфичeн вид и за време на парењето мажјаците испуштаат звуци кој е карактеристичен и со тоа ги привлекуваат женките и докажуват дека се пристутни, слично нешто како жабите. Звукот кој што го испуштаат може да трае со часови и често станува од гласен погласен, бидејќи мажјаците на овој начин и се натпреваруваат, а ваквиот звук во градската средина благодарение на ехото кое се предизвикува од зградите станува се погласен и погласен. Слична ваква појава има и во САД во близината на градот Сиетел.