Продолжуваат несреќите во таборот на Баерн Минхен. На почетокот на сезоната “баварците“ го загубија Арјен Робен, сега во згуснатиот распоред кога следуваат натпреварите од Лигата на Шампиони и одлучувачкте натпревари во Бундес Лигата, Луис ван Гал поради повреда не може да смета на францускиот репрезентативец Френк Рибери кој од терените ќе отсуствава три недели.


“Седмицата“ Рибери ќе ги пропушти натпреварите со Вердер Бремен, Келн, Хофенхајм а под знак прашалник е ставен настапот против Европскиот првак Интер. Да е иронијата поголема за  “баварците“ тандемот Робен – Рибери одиграле само 24 натпревари заедно од можни 79.

Видео : Баварците пресилни за Ахен

Мх.П.