Францускиот интернационалец во редовите на Фиорентина, Френк Рибери ќе паузира три натпревари. Рибери со казна се соочи поради туркање на помошниот судија на мечот помеѓу Фиорентина и Лацио, кој заврши во корист на гостите 2-1.

Рибери, веднаш, после натпреварот се извини за инцидентот но дисциплинската комисија во Серија А не му прости и го казни три мечеви. Французинот ќе ги пропушти натпреварите со Сауоло, Парма и Каљари.

Покрај суспензијата Рибери ќе плати и 20 000 евра за навредите упатени кон судиската тројка која го водеше натпреварот.

OhridNews