Од петок до недела С.Р.К. “Свети Апостол Петар“ во соработка со Mакедонската риболовна федерација организира тренинг камп на кој македонските репрезентативни риболовци ќе се подготвуваат за претстојоното Светско првенство што од 25 до 30 септември ќе се одржи во Белград на Савско езеро .
    
Тренинг кампот е лоциран на популарната плажа Бафало Бич (кај народот позната како Ајван плажа ).

Инаку за прв пат на Охридското Езеро се вршат вакви подготовки во дисциплината лов на крап со јадица на дно. Непрекинато ден и ноќ ке се лови во наредните 72 часа. Кампот ќе биде отворен за сите заинтересирани риболовци.

М.П.