Охридските ракометари со навивачката група „Рибари“ ја прославија победата со Прилеп 23-22 (11-15) во дербито на колото во Супер лигата. 


„Рибарите“ ги пречекаа охридските „гладијатори“ во Битола и со песна и аплаузи ги наградија за фантастичниот натпревар одигран под Марковите Кули. 

Пулените на охридскиот стратег Горан Андоновски уште еднаш го демонстриаа квалитетот и карактер на екипата победувајќи го Прилеп во последните 20 минути од мечот. 


На голот брилираше Благојче Трајкоски со вкупно 18 одбрани, а во нападот предничеа Малик Хогас со девет голови и Дарко Павловиќ со шест. 

Елдин Вражалица реализираше три голови, по два постигнаа Иван Тасески и Иван Стојановиќ, а еднаш прецизен беше Јосип Кежиќ. 

Со овој триумф охриѓани ја осигураа втората позиција во Супер лигата, која може да донесе полесен ждреб во Купот на Македонија. 

Мх.П.