Фудбалерите на Охрид продолжија со позитивните резултати во подготвителниот период. После триумфот над кичевски Велазерими со 1-0, избраниците на Драган Бочески забележаа нова победа совладувајќи го тимот на Млади Радник од Србија со 4-1 (2-1).
Тест средбата за охриѓани не почна најдобро, откако гостите во 5-та минута првата посериозна прилика ја претворија во водечки погодок. „Рибарите“ брзо се консолидираа и после 15-та минути игра израмнија на 1-1. Стрелец на голот беше Александар Ѓорѓиески. До крајот на првиот дел, Охрид, комплетно го сврте резултатот со голот на Ромео Кочоски.
Теренската иницијатива во второто полувреме, тимот на Охрид прво ја капитализираше со трет погодок во мрежата на противникот. Прецизно стрелаше Вецко Вренцоски. Конечените 4-1 ги постави Кочоски од белата точка.
Генералната проба за пролетната полусезона во Втората лига, составот на Охрид ќе ја има в сабота на домашен терен против составот на Питу Гули кој се натпреварува во Втора лига-исток.
OhridNews