Екипата на Охрид продолжи да бележи позитивни резултати во контролните натпревари во подготвителниот период, победувајќи го Караорман со 4-1 (0-0), во мечот кој се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“.
Стружани добро им парираа на „рибарите“, кои „езерското“ дерби го започнаа со комбиниран состав. На охриѓани им беа доволни само десет минути во вториот дел комплетно да скршат отпорот на гостите. Избраниците на Драган Бочески постигнаа три погодоци во период од 48-та до 58-та минута. Стрелци беа Шериф Реџепи, Стефан Петрушески и Александар Целески. Караорман го намали резултатот после погодокот на Димитар Далчески. Конечните 4-1 ги постави Роберт Митев.
За охридските фудбалери ова е втора победа во четвртата тест средба. Претходно славеа во дуелот со Јагодина, а при водство 1-0 беше прекинат мечот со Струга Трим Лум.
Во следниов период, Охрид ќе одигра уштре три контролни мечеви. Ривали ќе му бидат екипите на Дрита, Велазерими и Велешта.
Мх.П.