Охридските “ бели“ есенскиот дел од сезоната го завршија на 13 позиција со седум освоени бода и гол разлика 12:26 .
Охриѓани во тие 13 кола се радуваа само два пати и тоа во првото коло против Цементарница на гости со 3-0 и на домашен терен со Влазерими 4-1. Единственото реми го извлекоа на гости кај Миравци играјќи 0-0, единствениот натпревар кој заврши без голови.
Девет од десет порази ги претрпеа во серија, а најтежок беше онај на Железарница против Скопје со 5-0.
Охридскиот напад со постигнати 12 гола е трет најслаб во лигата. Помалку погодоци постигнале само Миравци 11 и Влазерими 9. На седум од тринаесет натпревари усепале да постигнат гол, нa пет од шесте натпревари на кои не дале гол загубиле.
Одбраната на белите со 26 примени гола е втора најслаба во лигата. Единствено последнопласирниот Влазерими има примено повеќе голови 27.
Најдобар стрелец во тимот е капитенот Христијан Димовски со пет постигнати гола (еден во купот).
Охрид минатата сезона во првиот дел од сезоната по 16 одиграни кола освои 23 бода. Имаше седум победи, две нерешни и седум порази. Есенсиот дел го заврши со гол разлика 23:31.
Во сезоната 2007-08 заврши како 14 пласиран со 17 бода по, 16 кола. Четири победи , пет нерешени и седум порази со гол разлика 20-25 беше билансот по првата етапа.
Мирко Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com