Охридската навивачка група „Рибари“ на 21 април (недела) ќе има хумана мисија. На плоштадот кај Мини маркет ќе биeт поставена кутија за донирање на парични средства, а може да се донира облека, храна и други средства кои ќе бидат распределени за најзагрозените семејства во нашиот град и околината.

Ги повикуваме сите хумани Рибари, но и охриѓани да дојдат и да донираат кој колку и што може за да успееме да усреќиме некои семејства пред големиот Христијански празник -Велигден. – стои во соопштението од навивачката група.

„Рибарите“ оваа хумана мисија традиционално ја организираат години наназад и помaгаат каде што е најпотребно.

OhridNews