На градскиот плоштад навивачката група „Рибари“, денес и утре од 11 до 17 часот организира хумана акција за настраданите од поплавите во Скопје.
На отворениот пункт од охридската навивачка група можат да се донираат средства за лична хигиеана, флаширани напитоци, конзервирана храна и финансиски средства кои ќе бидат уредно уплатени на сметка.
„Рибарите“ со вакви акции и во минатото ја покажувале својата хуманост, а сега сакаат да поттикнат уште поголема масовност за помош на нивните сограѓани.
OhridNews