Утре во 14 часот, на теренот со вештачка трева, охридскиот фудбалски клуб ќе одигра нов контролен натпревар во подготвителниот период. „Рибарите“ ќе се судрат со Велазерими од Кичево.

Дуелот со кичевчани ќе биде нова можност за охридскиот стратег Драган Бочески на дело да ги види силите и квалитети на своите избраници, десеттина дена пред официјалниот почеток на мечевите во второлигашката конкуренција.

„Рибарите“ до сега одигра контролни натпревари со екипи од Првата и Втората лига и со Јагодина од соседна Србија. Скорот е позитивен, што влева надеж за претстојната полусезона во Втора лига.

Втората етапа во Втората лига стартува на 27 февруари. Охрид во првата рунда од продолжението ќе ги одмери со Кораб од Дебар.

OhridNews