Пресврт, два црвени картони, набој, неизвеснот од се’ по нешто имаше на езерското дерби помеѓу Охрид 04 и Влазними, кое мина во очајна арбитража на скопјанецот Костенчев.
Домаќините беа тие кои први се заканија на дербито што го следеа околу 2000 гледачи, но гостите на голот го имаа расположениот Мерко, кој бранеше се` што дојде до неговиот гол. Успешно ги скроти ударите на Клечкароски, еднаш очи во очи , еднаш од слободен удар, а во моментите на негова немоќ го спаси гредата.
По половина час игра, проигрување до Китрозоски кој избива сам пред Мерко, последниот играч на гостите Танкоски, прави “случаен” прекршок за кој поминува само со жолт картон.
Госитите кои со конкретна цел беа додјени во Охрид, да не загубат, ги користеа сите елемените на фудбалската игра за да си заминат непоразени. По секој прекршок, лежеа на тревата, се превиткуваа, а сето тоа го толерираше главниот судија Костенчев, кој беше најслабиот поединец на ова дерби.
Дека знаат да играат фудбал “патриоити” покажаа во 40 минута кога Селими од навидум безопасна ситуација со удар од далечина го матираше Карамачоски, кој лошо го процени летот на топката која заврши во неговата мрежа, 0:1.
Паузата беше добредојдена за домаќините, кои по негативата од првиот дел фрлија се на една карта. Откако виде дека младите не може да го понесат товарот, конците во свои раце ги превзеде ветеранот Нически. Тој постојано беше нерешлива енигма за гостинската одбрана. Во 56 минута по комбинацијата на Ѓорески и Нически, овој вториот биеше , топката кон патот за голот со рака ја запира Калајџиески, но судијата бара играта да продолжи.Неколку минути подоцна истата комбинација ја повторија охридските фудбалери, но овај пат Нически со удар по земја го совладува до тогаш сигурниот Мерко, за 1:1.
Голот дополнително ја разогре играта на теренот и на трибините, каде свое шоу имаа навичките групи на двата тима. Продолжија да летаат искри на теренот, а изгубениот Костенчев само долеваше масло на огнот, со одлуки кои ги иритираа двата табора. На десетина минути пред крајот Атај избегна една офсајд замка, изби сам пред Карамачоски и место да го совлада, тој го проигра ново влезениот Џила, а за вториот помошник Миланова, тоа беше недозволена позиција.
Неколку минути подоцна , експлозија на “Билјанини Извори”. Клечкароски прифати долга топка, која му ја сервираше на Нически кој од непосредна близина по втор пат го матираше Мерко за пресцрт и водство на охриѓани од 2:1. Гостите бурно реагираа на овој погодок, сметајќи дека асистентот на погодокот, Клечкароски, бил во недозволена позиција. Комплетната екипа на Влазними се нафрли на првиот помошник Николов, и во таа мешаница беше доведена регулраноста на мечот. Не помина добро ниту главниот судија Костенчев кој се задоволи само со жолт картон за голманот Мерко. По аситенцијата на помошникот, во соблекувалната испратен беше Селими. Тензијата висеше во воздух, а судијата во желба да компензира во 84 минута поради приговор го исклучи јунакот на средбата Нически. До крајот мрежите мируваа, а охриѓани со минималниот триумф прокнижија вредни три бода.
Езерското дерби во целост ги оправда очекувањата, штета што натпреварот кој беше прогласен за натпревар од висок ризик му беше доделен на Костенчев кој дефинитивно немаше свој ден во Охрид.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com