По четири одиграни кола охридските бели со 3 бода и гол разлика 3-10 се наоѓаат на 11 – то место и  го имаат најслабиот старт по четирити одиграни кола во последните три сезони.  “Рибарите“ по одиграни 360 минути постигнаа само три гола и тоа на единствениот натпревар на кој победија (Цементарница 3-0), додека потоа во наредните три кола претпреа  исто толку порази а примија десет гола (Брегалница 0-3, Скопје 0-5,Влазними 0-2.

Во сезоната 2007-08 “белите“ по  четири одиграни кола имаа шест бода, една победи и три ремија, со гол разлика  4-2. Најдобриот старт охриѓани го имаа  минатата сезона (2008 – 09) кога по четири одиграни кола со десет бода беа лидери на табелата. Три победи и едно реми со гол разлика 7-4.

Ваквите резултати на охриѓани сезонава меѓу другото и се должат на ротацијата на охридската клупа, кога во текот на најчувствителниот дел од сезоната, подготовките, охриѓани променија двајца тренери.

Подготовките ги започна Драган Блажески –Крчо кој по недоразбирањата со управата се повлече а на негово место седна Наум Љамчески. Но ни тој долго не се задржа на охридската клупа , па откако не успеа да го договори финансискиот дел си замина од Охрид.Во пресрет на стартот на првенстовото повторно на жешката клупа седна Драган Блажески.

Охридските фудбалери откако не ги добија ветените плати, минатата недела не тренираа а како резултат на тоа следуваше третиот пораз во серија од Влазними во Струга на кој технички охриѓани беа домаќини.

Ваквиот  слаб старт и дезораганизацијата која го тресе ФК Охрид воопшто не ги радува љубителите на фудбалот кои пак во саботата во желба да  гледаат фудбал се појавија на стадионот на Билјанини извори, незнајеќи дека Охрид во последен момент успеа да договори натпреварот како домаќин да го одигра во Струга.

М.Постоловски