Фудбалерите на Охрид остварија одличен триумф во подготвителните натпревари, совладувајќи ја прилепска Победа со 0-2 (0-1), на реновираниот стадион „Гоце Делчев“.

„Рибарите“ одиграа меч без грешка против некогашниот шампион и учесник во европските купови. Перфетекната игра беше капитализирана со два погодоци. Во првиот дел стрелаше Албин Рамадани, а во вториот дел прецизен Колашинац.

За охридските „сино-бели“ триумфот во Прилеп е значаен, бидејќи екипата со голем ветар во грб ќе влезе во финалните подготовки за новата сезона во Втората МФЛ-запад.

OhridNews