По два дена тренирање во спортската сала, “рибарите“ излегоа на терен каде ќе се подготвуваат за претстојниот натпревар на “Билјанини“ против третопласираниот тим на табелата, Скопје.

Пред “белите“ се три мошне значајни натпревари преку кои треба да фати приклучок во трката за опстанок.

Во наредните три рунди охриѓани прво го пречекуваат Скопје, потоа најверојатно на домашен терен ќе играат со струшки Влазними,  за да во шестото коло на “Билјанини“ дојде Локомотива.

По 15 одиграни кола, Охрид со десет бода се наоѓа на претпоследното место, пет помалку од 11 Октомври, седум од Беласица и Цементарница.

М.П.