Лошите временски услови кои подолго време го “тресат“ Охрид, како и поплавените фудбалски терени ги натераа охридските бели, да “влезат“ во спортската сала за да ја задржат формата во пресрет на продолжението на првенството.



 – По два месеци надвор, тренирањето в сала на паркет е “смрт“ за играчите, но мора некако да се снаоѓаме – вели Гоце Маркоски.



ФФМ поради лошата состојба на терените низ Македонија го помести колото. Охрид наредната недела на домашен терен го пречекува аспирантот за висок пласман Скопје.
 

М.П.