Охридските ракометари во поразот од лидерот во елитата Зомимак пружија солиден отпор и не дозволија да бидат декласирани пред своите гледачи. Но, сите честитки одат за охридската навивачка група „Рибари“, која беше најсветла точка во „Билјанини Извори“.


Тие одново се појавија на трибините и покрај констатната негатива на ракометарите не престанаа да навиваат и бодрат.


По завршување на мечот и гостински ракометари упатија аплаузи и честитки за „Рибарите“ кои ја продолжуваат „сино белата“ навивачка бајка.

Фото : Емилио
Мх.П.