Навивачката група од Охрид, популарните „Рибари“, во сабота најавуваат дека ќе ја исполнат салата „Нико Нестор“ во Струга, на дербито од првата машка ракометна лига.
Се чини дека, една од најсветлите точки на охридската спортска сцена, се несомнено најверните навивачи на охридските спортски тимови. Многу ретко, спортските работници и играчите во македонските клубови, имаат можност да се докажуваат на теренот пред преполни трибини. Иако овој натпревар, се игра само во рамките на втората по ранг ракометна лига, очигледно е дека ќе е еден од најпосетените во државава.
Сведоци сме дека, во македонските спортски натпреварувања, поточно во високите рангови, котираат клубови без навивачи и без свои симпатизери. Охридските „Рибари“, уште еднаш ја докажуваат својата верност кон клубовите, и прикажаа цврстина на тоа, дека не се навивачи кои навиваат само за клубовите кои се натпреваруваат во „елитата“. Зарем ваков град, со толку фанатични фанови, не заслужува достен претставник во „елитното друштво“?!
Натпреварот помеѓу лутите локални ривали се игра во сабота во Струга, со почеток од 16:30. Зборно место за сите љубители и навивачи на Охрид, е полигонот за мали спортови во 14:00, најавија „рибарите“.
O.T.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com