Охридскиот фудбалски клуб, утре, на домашен терен, против тимот на Кадино ќе ги заврши мечевите во есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Рибарите“ се наоѓаат во добра серија, победувајќи на три од четирите претходни мечеви во Втората лига. Во прилог на охриѓани во пресрет на утрешниот дуел оди и победничкиот низ од пет последователни натпревари на домашен терен без примен погодок.

Кадино кој го победи Охрид со минимални 1-0 во првиот дел од есенската полусезона не е во најдобра форма и остана без тренер. Сепак, гостинската екипа на СРЦ „Билјанини Извори“ нема да дојде со бело знаме и ќе посакува надигрување за бодовите.

Правдата на натпреварот од 16-та рунда ќе ја дели кичевчанецот Марјан Стојановски. Натпреварот се игра во 13 часот.

OhridNews