Охридскиот фудбалски клуб паузата во Втората лига поради настапите на македонските фудбалски селекции ќе ја искористи за контролен натпревар против составот на Велешта.

Тест средбата ќе се одигра утре на теренот од Велешта.

Иначе, ова ќе биде втор натпревар во краток временскиот период за Охрид и Велешта. Двете екипи ги одмерија силите во втората рунда од второлигашката конкуренција. На победа се радуваше Охрид кој славеше со 2-1.

Возбудувањата во Втората лига ќе продолжат следниот викенд. Охрид гостува кај Дрита, додека Велешта на домашен терен го пречекува Тетекс.

OhridNews