Како во моментов стојат работите , “градежниците“ влегуваат релаксирано во мечот, додека фаворизираниот тим на “рибарите“ ќе мора да остане непоразен доколку сака в година да биде дел од елитата.
– Без оптеретување влегуваме во мечот, по обезбедениот опстанок, на мечот со Охрид ќе покажеме дека местото на табелата воопшто не коренспондира со нашиот квалитет и сакаме да се реваншираме за поразот во првиот дел од шампионатот – коментираат фудбалерите на Охрид Лоте.
Бод му е потребен на Охрид, за да се врати во елитата по цели 17 години. “Рибарите“ сакаат со победа да се и заблагодарат на својата публика, но и на охриѓани кои во текот на целиот шампионат беа со тимот.
– Сакаме со победа ја заокружиме сезоната. Се` што имаме да кажеме ќе кажеме на теренот во недела, велат фудбалерите на Охрид.