Охридските фудбалери ќе играат во баражот за пласман во Првата македонска фудбалска лига, откако натпреварувачката сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад ја завршија на втората позиција, веднаш зад шампионот Скопје и пред Велешта.
Охрид и Велешта, кои беа во мртва трка за втората позиција претрпеа порази во финалната 27-та рунда од Втората лига. „Рибарите“ претрпеа минимален пораз (1-0) на гостувањето кај Тетекс додека Велешта изгуби (3-0) на гостувањето во Скопје. „Рибарите“ поради подобриот меѓусебен дуел со Велешта завршија на втората позиција на табелата.
Ривал на охриѓани во баражот за влез во македонска фудбалска лига ќе биде познат, после утрешното комплетирање на мечевите во Првата лига.
Резултати:
Дрита – Кораб 3-4
Тетекс – Охрид 1-0
Скопје – Велешта 3-0
Кадино – Гостивар 2-2
Табела: Скопје 60, Охрид 46, Велешта 46, Гостивар 43, Кораб 36, Кадино 28, Велазерими 27, Тетекс 27, Дрита 21, Вардар Форино откажан.
Мх.П.