Второлигашот ФК Охрид `04 ги започна подготовките за престојната сезона. Стратегот на клупата на “рибарите“ Ѓоревски на распологања има околу 20-на фудбалери кои и минатата сезона ги бранеа боите на клубот.


– Во првата недела од подготовките ќе тренираме по еднаш дневно додека во вториот дел ќе го засилиме темпото. Во петок ќе одиграме пријателски натпревар со македонскиот преставник во Лигата на Европа, Металург – изјави за Ohridnews новиот тренер на ФК Охрид  `04 Зоран Ѓоревски – Џајо, кој ја истакна одличната соработка со претседателот Малезанов.

Охриѓани ја подмирија казната од ФФМ при што повторно ќе може да бидат активни на трансфер пазарот.
 

Мх.П.