Фудбалскиот клуб Охрид додаде уште две коцки во екипата за второлигашката сезона која доаѓа, продолжувајќи го договорот со младите фудбалери Славе Маркоски и Атдхе Мазари.
Маркоски беше мета на неколку прволигаши од земјава, но на крајот се одлучи да продолжиа со „рибарите“. Мазари, пак, во Охрид се пресели во зимскиот преоден рок минатата полусезона и се наметна како сериозна опција за офанзивните позиции во екипата.
Со продолжување на договорите на Маркоски и Мазари полека се надѕира костурот на екипата кој ќе треба да го понесе товарот во претстојната сезона во Втората МФЛ-запад.
„Рибарите“ до сега ги продолжија договорите со голманот Никола Симоновски, дефанзивците Ајрадин Цуцули и Љупче Трпески и капитенскиот двоец Ромео Кочоски и Александар Бакулески. Нови фудбалери се Игор Клечкароски, Мурат Адили и Сашо Шопоски.
Охрид в понеделник ќе ги започне подготовките за новата сезона во Втората МФЛ.
OhridNews