Охридскиот фудбалски клуб продолжи со задржување на костурот на екипата од минатата сезона, откако денеска, ја официјализираше новата соработка со Бурхан Алији и Љупче Трпески.

„Рибарите“ со задржување на фудбалерот за врска Алији и дефанзивецот Трпески решија многу важни дилеми во екипата и ќе можат да се насочат кон преговори со останатите фудбалери или нови засилувања.

Разговорите беа конкретни и воопшто немаше дилеми дали ќе продолжи соработката. Не чека нова сезона, за нас втора во друштвото и мислам дека многу научивме од првата во која лошо стартувавме и си направивме големи проблеми. – велат двајцата фудбалери.

Алији и Трпески им се придружија на Раиф Мирселоски, Игор Клечкароски, Ромео Кочоски и Александар Бакулески, кои, ја продолжија верноста со охридскиот клуб.

OhridNews