Мислејќи дека добро заработиле со продажбата на Кинеска Бахаба, ретка огромна риба за нешто повеќе од 13 илјади куни, тројца кинески рибари всушност изгубиле нешто повеќе од 650 илјади куни. Дури 85 килограми тешката ретка риба, најголема е во изминатите 10 години. Преку 90 минути борба траело извлекувањето на 168 центиметри долгиот улов.
Гордата тројка ја продала на локалниот рибар мислејќи дека постигнале добра заработка. Рибарот ја продал на ресторан за 400 илјади куни. Завршила кај купувач за преку 650 илјади куни. Кинеската Бахуба е критично загрозена и само неколку од нив доживуваат зрелост.