Ракометарите на Охрид во дербито на колото во Супер лигата, вечерва го пречекуваат лидерот на табелата Алкалоид. На мечот навивачката група “Рибари” ќе одбележи 35 години постоење.

Навивачкиот спектакл ќе почне со голем собир во 13 часот на плоштадот кај Чинарот од каде “Рибари” со кортео ќе се упатат кон салата “Билјанини извори”. Најавено е големо пиритехничко шоу, а се подготвува и роденденска кореографија.

Натпреварот Охрид – Алкалоид почнува во 18:30 часот.

Г.М.