Навивачката група „Рибари“ од Охрид, ќе биде дел од историскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Косово, што ќе се одигра на 26 март во Скопје во рамки на Лигата на нации.

„Рибарите“ се мобилизираат за големиот меч, а во тек е и продажбата на карти за навивачите од Охрид.

До 10 март, вторник, од 19:00 до 22:00, во “Irish pub Five” ќе има пријавување за карти за натпреварот Македонија – Косово. За да се пријавите потребно е со себе да носите лична карта, пасош или здравствена книшка. Со пријавувањето се добива карта за западна трибина и превоз. Цената на пакетот картa + превоз изнесуваа 200 денари, информира навивачката група „Рибари“.

Победникот од мечот во Скопје, оди на мегдан со подобриот од пресметката помеѓу Грузија и Азербејџан во борба за настап на Европското првенство што треба да се одржи ова лето.

OhridNews