Охридската навивачка група „Рибари“ ги започна подготовките за прославата на 25-годишниот јубилеј. „Сино белата“ приказна започна во 1988 година, а сребрениот јубилеј ќе се прослави на 22 ноември.

Во 1988 година, група локал патриоти и искрени вљубеници во спортот и својот град започнаа навивачко движење во Охрид. На почетокот бевме познати како Blue Ohrid Army – BOA, а набрзо станавме една од најпрепознатливите навивачки групи во Македонија – РИБАРИ Охрид, познати под тоа име од 1989 година.

Токму оваа година РИБАРИ слават 25 години постоење, јубилеј достоен за достојно одбележување. Прославата ќе биде на 22.11.2014 – сабота на ракометниот натпревар Охрид – Прилеп.

Во име на старите добри времиња Стара гарда РИБАРИ, генерација 1, генерациите по неа, и денешната генерација – гордост на Охрид, подготвуваат спектакл за кој долго ќе се зборува.

Затоа се молат сите искрени навивачи, меѓусебно да се информираат и да се придружат на одбележувањето на 25 годишнината од РИБАРИ Охрид.

25 години со Охрид – РИБАРИ

Ohridnews