Навивачката група „Рибари“ заедно со охридските љубители на ракометот одиграа значајна, а можеби и клучна улога во триуфмот на Охрид над Пелистер во дуелот од петтата рунда во Супер лигата.
„Рибарите“ со песна во сите 60 минути беа ветар во грбот на охридските ракометари кои ја забележаа третата победа во елитата.
Пред ракометарите на Охрид во среда стои европски предизвик и противник во името на Металург кој години наназад е заштитен знак за нашиот ракомет надвор од границите.
Навивачката група во краткото соопштение ги повикаа сите охриѓани во среда во 20 часот да ги бодрат ракометари на Охрид со пораката „Дојде денот“.
– Денот кога треба да биде на колена еден од најголемите ракометни клубови во Македонија! Денот кога трибините ќе бидат преполни од навивачи, салата ќе грми до крај и сите заедно да прославиме победа на нашиот тим! Со цело срце за Охрид ! – стои во соопштението.
Ohridnews