Навивачката група „Рибари“ на мечот помеќу РК Охрид и РК Вардар 2, што се одигра вечерва во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, му оддаде почит на нејзиниот член Тони Тузески кој трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Лагадин и му изрази поддршка на тешко повредениот Чизе, исто така член на „Рибари“. Навивачите носеа маички во чест на Тузе и истакнаа транспаренти за нивните другари.
Во знак на почит кон загинатиот член на навивачката група „Рибари“ натпреварот започна со едноминутно молчење, а во дваесеттата минута „рибарите„ започнаа да ги скандираат имињата на Тузе кој го загуби животот на 20-годишна возраст и на повредениот Чизе.
Рибарите не ги заборавија своите другари
OhridNews