Еуфоријата и возбудата забрзано расте пред пресметките помеѓу Охрид и Струга во фудбал и ракомет кои ќе се случат оваа сабота со почеток во 14:30 часот на СРЦ Билјанини извори, односно 19:30 часот во  истоимената спортска сала во Охрид.

Навивачката група „Рибари“ со присуство на тренингот од Ракометниот клуб Охрид ги поздрави и мотивираше ракометарите, кои, после пет сезони, на мегдан ќе излезат со стружани. Последен пат двете екипи меѓусебни натпревари имаа во Првата ракометна лига, додека фудбалските пресметки во минатото знаеаја да привлечат и 10 000 гледачи. „Рибарите“ после тренингот на РК Охрид со автомобили се упатија на градскиот плоштад каде со факли ја завршија спектакуларната најава за „езерското“ дерби во двата спортови.

Охриѓани и љубителите на спортот кои нема да бидат во можност да го проследат ракометното дерби во СРЦ Билјанини Извори ќе имаат шанса во живо да го гледаат на линк кој дополнително ќе биде поставен на Ohrid News.

OhridNews