Седум месеци по катастрофалниот земјотрес и разорното цунами кое го зафатило источниот брег на Јапонија, една група рибари во своите мрежи извлекле необичен улов, односно торба полна со пари. Среќните рибари пронашле 11 милиони јени, чиј сопственик не бил познат, а се претпоставува дека торбата завршила на отворено море по повлекувањето на морето после цунамито.


Рибарите торбата ја извлекле од морското дно во близина на брегот на градот Офунато Сити. Рибарите и капетанот на рибарскиот брод добиле признание поради пријавувањето на торбата со парите, а доколку во наредните шест месеци не се утврдел нејзиниот сопственик, парите ќе ги поделат нејзините пронаоѓачи. Некои предвидувања истакнуваат дека остатоците кои пливаат во морето би можеле за три години да допловат и до брегот на САД, а еден руски брод воочил остатоци и кај островите Мидвеј во Тихиот Океан.