Навивачката група „Рибари“ со спектакуларна прослава за јубилејниот 30-ти роденден го крена Охрид на нозе. „Рибари“ за организацијата на роденденското славје и поддршката на охридските клубови заслужено добија пофални зборови од речиси сите тифо-страници и медиуми од нашата земја и Балканот.
„Рибари“ подолг период се подготвуваа за големата роденденска прослава и во целост ја остварија замислата, на задоволство на сите генерации навивачи, кои оставиле белег на трибината во Охрид. Охриѓани, будно ги следеа активностите на „Рибари“ и речиси се споделуваа на социјалните мрежи кои беа обоени во сино-бело.
За спектаклот на „Рибари“ објавени беа повеќе фантастични видеа и стотици фотографии а во најскоро време ќе се изработи специјален филм.
OhridNews