Навивачката група „Рибари“-Охрид ја продолжи традицијата, реализирајќи хуминатарна мисија во пресрет на големиот христијански празник Велигден. „Рибарите“ на неколку социјално  загрозени семејства во Охрид им донираа прехранбени продукти со цел и тие да ги минат убаво празничните денови.

Традицијата ја продолжуваме. На неколку социјално загрозени семејства им доставивме пакет прехранбени производи, кои се надеваме дека ќе им го разубават празникот. Оваа хуминатарна акција ја реализиравме со сопствени средства и тука нема да престанеме. – велат од навивачката група „Рибари“.

Тие стојат на располагање за секој што му е потребна било каква помош во пресрет на Велигденските празници и новонастанатата ситуација со пандемијата на коронавирусот.

„Рибарите“ на 10ти овој месец, донираа заштитна опрема во црвките Св. Ѓорѓија (Влашка Мала) и Св. Петар и Павле (Мешеишта) кои подоцна ја распределија каде што е потребно.

OhridNews