Охридските кадети есенскиот дел од шампионатот го завршија на втората позиција со еден бод заостанување зад лидерот Искра. Во 11 рунди, младите охриѓани забележаа 10 победи , претрпеа само еден пораз и со импозантна гол разлика 64-7 ја завршија есенската полуетапа.


Охридските кадети, фудбалери под 16 години работат, под палката на Ѓоце Крстаноски, кој во клубот дојде пред стартот на новата сезона. – Задоволен сум од приемот во охридскиот клуб, имам одврзани раце да направам нешто повеќе за охридскиот клуб, во зимскиот период  во план сме да вклучиме уште неколку деца од охридско-струшкиот регион, а цел ни е Охрид да прерасне во регионален центар за развој на младите категории – вели Крстаноски.


Охриѓани се квалитативно неколку чекори пред останатите екипи и да не беше оној несреќен пораз на стартот на шампионатот, “белите“ од врвот ќе го дочекаа “зимскиот сон“.- Имавме еден несреќен пораз на стартот од првенството, забележавме серија победи со импознатна гол разлика, а во последните неколку кола одигравме низа натпревари како по ноти – вели Крстаноски.


Кадетите заедно со младинците имаа успешна презентација на мини турнејата во Холандија, каде во четирите натпревари постигнаа исто толку победи. – Во Холандија се покажавме во вистинско светло. победивме во сите 4 натпревари, но победите можеби не се толку битни колку што беше впечатокот кој таму го оставивме. На секој меч не следеа по неколку скаути, додека вистински бум беше последниот натпревар  кога дури десетени менаџери беа пристуни и се интересиираа за нашите фудбалери – завршува Крстаноски.


Младите категории се богатство за еден клуб, Охрид кој е на добар пат в година да заигра во Првата лига, нема да има грижи околу својата иднина.

М.П.